Важат ли мерките и протоколите за Арсовска?

Данела Арсовска, кандидатката за градоначалничка на Скопје и сегашна претседателка на Сојузот на стопанските комори, на „Фејсбук“ објави фотографија од состанокот со претставниците на Занаетчиската комора, на која се гледа дека разговараат без маски, а не внимаваат ниту на дистанцата. Арсовска фотографијата од состанокот ја објави вчера.

Во сила сè уште се мерки што пропишуваат задолжително носење маска во затворени простории, но од објавената фотографија се гледа дека на состанокот никој не носи маска. Маските, на фотографијата, стојат на масата пред учесниците на состанокот.

За слична објава на прекршување на протоколите во јануари годинава функционери од ДУИ добија казна од 20 евра за неносење маска и кривична пријава кога на социјалните мрежи објавија слична фотографија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде