ФОТО: Фудбалски – Прилеп, конечно ја бодри Победа повторно

На огромно задоволство на прилепчани, Победа се врати на својот стадион ,,Гоце Делчев”, кој е комплетно реновиран и вчера во дербито на 3-то коло во ВМФЛ Исток, одигра реми од 1-1 против Каменица – САСА.

Никогаш не бил потребен доказ дека прилепчани го сакаат фудбалот а особено својата ,,Победа”, меѓутоа со тоа што вчерашното неделно попладне околу 4000 прилепчани решија да го поддржат својот тим и да присуствуваат на натпреварот, потврдија дека Прилеп знае жестоко да навива и да го цени тоа што е свое.

Конечно, фудбалски – Прилеп, ќе може да ја бодри Победа повторно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде