Кичеец без олеснувања, префрлен е во полуотвореното одделение во струшкиот затвор

Осудениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец, е префрлен од отвореното во полуотвореното одделение во Затворот „Струга“.

Тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата што ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија, информираат од Управата за извршување санкции.

Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка што се води против Милески, а со која тој се сомничи дека ја предизвикал сообраќајната несреќа што се случи кај Стража пред десетина дена.

Со ова решение Милески ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде