(Видео) Карантинот не се издржува, маж во Сиднеј претепал полицајка

Маж од Австралија е обвинет за напад на полицајка во западен Сиднеј.

Напаѓачот прво ја нападнал полицајката а потоа избегал од местото на настанот и следел случаен минувач, пренесуваат медиумите од земјата.

49-годишниот маж бил уапсен и обвинет за неколку прекршоци, вклучувајќи и кршење на антиковид мерки и напад на полицијата, соопштија службите.

Полицијата соопшти дека две полицајки кои патролирале на улица му рекле да се тргне од улицата бидејќи во сила е забраната за движење поради коронавирусот, тогаш човекот станал агресивен и ги нападнал. Двете полицајки морале да одат во болница на лекување.
Мажот потоа го нападнал и нивниот колега кој исто како и неговите колешки подоцна завршил во болница.

Во Сиднеј, во сила се засилени мерки против коронавирусот, кои не дозволуваат излегување од дома, освен од оправдани причини – како одење на работа, училиште, лекар или продавница.

Градот е во строг карантин веќе 12 недели додека трпението на граѓаните опасно ослабе, анализираат медиумите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде