Делата кажуваат повеќе од зборовите, 2017 – 2021, СДСМ – Прилеп се покажа вистински!

Печат на владејачката СДСМ изминативе 4 години, како на централно така и на локално ниво, се многубројните планови и проекти кои се веќе во целост реализирани и изградени.

Работејќи со влог што е повеќе од влог, СДСМ – Прилеп се покажа вистински, за да се реализира ветеното, се вложи максимално и посветено.

Ако постоело нешто недофатно, над можностите и условите, за да се сработи во само 4 години во општина Прилеп, тоа го дофати и дотаму се искачи локалната власт на СДСМ – Прилеп, во периодот од 2017-2021, прифати предизвик со кој храбро се избори.

Хаосот, урнатините, пепелот и долговите, беа само дел од ужасот со коишто тимот на СДСМ – Прилеп се соочи и успеа да ги расчисти за да пречекаме уште поубави, посветли денови, со подобри кадровски и програмски понуди.

Секогаш е подобро да оставиме делата, фактите, ветеното и направеното да кажат повеќе од сечиј збор, дека зборови и ветувања, 12 години слушавме, некои веруваа, а дела – не видоа ни на сон.

НАЈДОБРОТО ВО ПРИЛЕП, 2017 – 2021:

  • Рехабилитација на патот Прилеп – Тополчани – Битола, 15,5 км.
  • Санација на Свлечиште на Прилеп – Витолиште од Регионален пат
  • Реконструкција на Булаварот во центарот на Прилеп
  • Рехабилитација на државен пат, Фаришка клисура – Прилеп
  • Реконструкција и рехабилитација на 35км на улици и патишта во градот и населените места
  • Адаптација на простор и нова опрема за ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА за 25-30 деца
  • Изградба на детска градинка за 260 деца
  • Спортско-рекреативен центар на вештачкото езеро ,,Нови авантури, нови можности”
  • Реконструкција на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев”
  • Центар за култура ,,Марко Цепенков” – Дигитализација на архивата на Театарот ,,Војдан Чернодрински”
  • Оспособување надворешен водовод во касарна ,,Мирче Ацев”
  • Изградба на секундарна мрежа и пречистителна станица за населеното место Мало Коњари
  • Канализациона мрежа долга 8,7км, со 2 канали во Големо Коњари
  • 20км реконструирана водоводна мрежа и 8км канализациона мрежа
  • Армиран бетонски мост на градската река

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде