Вечно на листа – вечно во опозиција – ДПМНЕ, Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ не успеа ни на овие локални избори да излезе од режимската матрица, од “унгарскиот менталитет”.

Менторот – Груевски и неговиот ученик Мицкоски, повторно не понудија ништо ново за Прилеп и прилепчани.

Истото сценарио одново, истите функционери и советници под ист патоказ, директно во пораз: Дејан Проданоски, Ирена Стерјоска, Трајче Ржаникоски.

,,До кога” прашуваат прилепчани?

Во очите на престојните локални избори, ДПМНЕ – Прилеп, не успева ни под точка разно да се преструткуира па советничката листа е пополнета со вечните кадри и функционери, кои дванаесет години хараа во градот.

Истите советници кои доживеа катастрофален пораз на минатите локални избори се во трка да ја бараат поддршката на прилепчани. Пред неколку месеци во ОК ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп, владееше тензична атмосфера пpoследена со делење на оставки, едвај се избираше раководство, се кршеше и општинскиот штаб.

Дали ваквата советничка листа е причина само за вдомување и смирување на политичките апетити на вечните функционери кои знаат дека ги очекува нов пораз.

Каде се вечно споменуваните млади и прогресивни сили ? Оваа листа повеќе изгледа “страв ми е од пораз, ставете ме на советничка” отколку реална понуда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде