Сугарески: Честит да е Денот на независноста, 8 Септември!

Денес, кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Горан Сугарески, по повод Денот на независноста на државата, 8-ми Септември, положи свежо цвеќе пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто и пред Могилата на непобедените.

,,Во чест на еден од најсветлите датуми во историјата на македонската држава, положивме свежо цвеќе и се поклонивме пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто и пред Могилата на непобедените, каде почиваат останките на над 600 учесници во антифашистичката револуција.Со должна почит и огромен пиетет кон паднатите борци и херои, градиме соживот, инвестираме во денешницата во име на посреќна иднина за генерациите кои доаѓаат.Честит да е Денот на независноста, 8 Септември!” – напиша Сугарески во својата честитка

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде