Вакцина против Ковид-19, во вид на спреј за нос

Ринат Максјутов, директорот на „Вектор“, Државниот руски истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, изјави дека вакцината против Ковид-19 во форма на спреј за нос би можела да биде достапна есента во 2022 година, после клиничките испитувања.

-Многу лаборатории ширум светот работат на вакцина во форма на спреј за нос, но засега се тестираат на лабораториски животни. Бидејќи потребни се клинички тестирања, мислам дека вакцината во вид на спреј за нос ќе биде достапна следната есен, рече Максјутов, а пренесува „ТАSS“.

Според раните извештаи, рускиот Гамалеја центар планира да почне со тестирања на овој вид вакцини кон крајот на 2021 година или на почетокот на 2022 година и да ја регистрира идната година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде