Саемот на книга ќе се одржи на отворено од 8 до 14 септември

Саемот на книга, кој е поддржан од Министерството за култура, оваа година ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски), од 8 до 14 септември.

Мотото и оваа година е „безбедни саеми“.

Саемот на книга ќе се одвива според важечките владини протоколи, со почитување на сите донесени мерки.

„Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња“, велат организаторите на настанот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде