Николов го замени Лече за Шериф Тираспол

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов нема да ја продолжи својата кариера во Италија, затоа што официјално стана нов фудбалер на Шериф Тираспол.

Иако во текот на летото се шпекулираше дека одличниот играч за врска по заминувањето од редовите на Лече ќе остане во Италија и ќе потпише за некој клуб од Серија А, сепак, тој се реши за сосема нов предизвик во кариерата и ја прифати понудата на молдавскиот шампион.

Новиот клуб  на Николов е едно од најпријатните изненадувања во квалификациите за Лигата на шампионите и е на сам праг до историско учество во групната фаза. Шериф во претходното коло го „растури“ српскиот шампион Црвена Звезда, а во плеј-офот има огромна предност од 3-0 по првиот дуел против Динамо Загреб.

27-годишниот штипјанец беше еден од најстандардните репрезентативци на Македонија под водство на екс-селекторот Игор Ангеловски, а пред да се пресели во Лече ги бранеше боите на МОЛ Фехервар, Вардар и Виторул.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде