(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ како едвај да нашлe кандидати, сè се тоа луѓе од режимот

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нови имиња за кандидати за градоначалници, а ова го коментираше и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, ова не се нови лица на опозицијата, туку, како што вели, добро познати луѓе од режимот на експремиерот Никола Груевски.

Она што го слушнавме во голем дел се повторно имиња кои веќе имале државни и локални функции од времето на режимот, односно од времето на Никола Груевски и може да заклучеме дека навистина ова е понуда од немај каде, како едвај да нашле кандидати коишто се спремни да изгубат на претстојните локални избори. Она што е интересно, повторно од ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме кандидат за градоначалник во  Скопје и тоа повторно нè води до заклучокот, и јавноста треба да знае, дека токму ВМРО-ДПМНЕ има многу мала доверба во главниот град, секако и во една од најголемите општини во градот Скопје – Центар каде што поддржуваат кандидатка од мал коалициски партнер“, истакна портпаролката на СДСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде