Пендаровски ги пречека младите ракометарки: Постигнавте голем национален успех

После победата на ЕХФ шамионатот во Клапеида, Литванија, претседателот Стево Пендаровски попладнево ги пречека ракометарките и стручниот штаб на женската ракометна кадетска репрезентација, селекција до 17 години, селекторот Љубомир Савевски и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Честитајќи им го големиот успех, Пендаровски истакна дека нивните постигнувања влеваат надеж за иднината на женскиот ракомет.

,,Навистина имаме со што да се гордееме. Вашиот успех е и наш национален успех. Посакувам да ја задржите меѓусебната кохезија, да се почитувате и да бидете пред сѐ, најдобри другарки. Од мене имате целосна поддршка“, им порача претседателот на младите ракометарки.

Со победата на ЕХФ шамионатот, Македонија обезбеди настап на три големи натпреварувања, ЕП за кадетки и младинки, односно СП за кадетки.

На шампионатот во Литванија, 14-годишната Ива Младеновска беше прогласена за најкорисен играч, а во најдобриот тим, покрај неа, се најдоа и Теодора Дуковска и Марија Јовановска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде