Уапсени 479 лица барани со потерница, од септември до денес

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски соопшти дека во изминатиот период лишено од слобода е 251 лице, а од септември 2020 година досега уапсени се 479 лица барани по централни и меѓународни потерници.

Тој исто така напомена дека токму пред десетина дена беше уапсено лица кое се криело 17 години.

-Во изминатиот период 251 лице лишено од слобода, а досега од септември 2020 година 479 лица се уапсени барани по централни и меѓународни потерници, од кои 50 тина лица се топ приоритет на МВР и на државата или се бараат повеќе години. Пред 10 тина дена имаше апсење на лице кое се криело 17 години, заслужува и внимание и признание оперативната група, истакна Спасовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде