Министерството за здравство: Вчера се вакцинирани рекордни 19.274 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 6.385 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале рекордни 19.274 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 800.168 дози вакцини, а втора доза примиле 318.900 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 481.268 граѓани.

Со последните бројки, 62 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 59 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 54 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 44 % од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктовите во државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на целата држава, со ротации на медицински екипи.

Интернет-страницата vakcinacija.mk е отворена за закажување термини за вакцинација на децата, втора доза се дава во спортските сали во градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во „А1 СЦ Борис Трајковски“ во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде