Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“

Бојан Јовановски (Боки- 13), осудениот во случајот „Рекет“, од домашен притвор бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна од девет години.

Тој од страна на полицијата, бил спроведен околу 16 часот и е сместен во приемното одделение на затворот. Во идните денови ќе се направи и проценка на ризик, по што, треба да биде префрлен во друг дел на затворот.

Од Кривичниот суд, велат дека упатниот акт за поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, осудена на седум години, ќе го изготви судија од судот во Гевгелија. Потоа и таа од домашен протвор ќе биде спроведена во затвор.

Спроведувањето на Јовановски во „Идризово“ доаѓа откако Апелација вчера ја потврди пресудата за случајот „Рекет“ и истата стана правосилна.

Во „Рекет“ Јовановски е осуден за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде