ВИДЕО: Момче тепа девојка во Куманово, се огласи и МВР

На вознемирувачката снимка која се прошири вчера низ социјалните мрежи, се гледа како момче ,,шутира” и мава девојка, пред целата ситуација да ја забележи друго момче кое доаѓа да му врати со иста мера. Инцидентот се случил во Куманово.

За настанот кој се случил зад Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, се огласија и од МВР:

„Во врска со случајот на насилство во Куманово кој денеска се споделува на социјалните мрежи, СВР Куманово презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката. Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од министерството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде