ФОТО: Нова спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп

На задоволство на сите ученици, вработени и оние кои во иднина ќе го започнат своето образование во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп, се интензивираат работите на новата спортска сала каде се вршат ѕидарските работи на делот во кој ќе се наоѓаат соблекувалните, кабинетите и тоалетите, истакна денес Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

,,За време на денешниот увид во градежните активности, од изведувачот на работите бев информиран дека следува поставување на панели и керамички плочки, а до крајот на оваа недела ќе бидат изградени шахтите. Она што после следува, е поврзување на објектот на водоводната и канализационата мрежа, а со поставувањето на челичната конструкција, училишната спортска сала ќе го добие својот лик.Она што на мое огромно задоволство можам да го кажам, е дека на почетокот на новата учебна 2021/2022 година, 870 ученици од ООУ „Кире Гаврилоски“ часовите по физичко воспитание ќе ги одржуваат во нова и современа спортска сала, опремена со сите потребни спортски реквизити и справи, за непречено изведување на предвидените наставни активности.” сподели Јованоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде