Анкета на БРИМА ГАЛУП: Водството на СДСМ пред ВМРО ДПМНЕ се зголемува

Брима Галуп направила теренско анкетирање, на кое СДСМ е во водство пред ВМРО ДПМНЕ во пресрет на локалните избори кои треба да се одржат на крајот од октомври оваа година. Анкетата е откупена и објавена од страна на СДСМ.

На прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните. На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6 осто изјавиле дека тоа е Зоран Заев, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле само шест отсто од испитаниците.

На прашањето „Што е подобро за нашата земја, да стане или да не стане членка на ЕУ?“ огромни 76,3 отсто од испитаниците одговориле дека е подобро да станеме членка на ЕУ, додека само 19,8 отсто одговориле дека е подобро да не станеме членка на ЕУ.

Анкетата на „Брима“ е правена во периодот од 28 мај до 16 јуни, на терен, во домовите на испитаниците, преку ТАПИ методот, при што се опфатени 1.194 испитаници. Маргината на грешка е плус минус 2,8 отсто.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде