Кралицата нема да ја види Лилибет во скоро време поради заладените односи со Хари и Меган

Кралски коментатор предупредува дека кралицата наверојатно нема да се сретне со правнуката Лилибет во скоро време поради „мразот“ со принцот Хари и Меган Маркл.

Војводата и војвотката од Сасекс ја дочекаа својата ќерка минатиот месец и сите членови на кралското семејство беа воодушевени од веста.

Некои медиуми објавија дека парот ѝ ја претставил Лили на нејзиното височество со видеоповик.

Сепак, кралскиот коментатор Џонатан Сакердоти смета дека ќе помине некое време пред тие да се сретнат лично.

Тој за „Ју-ес викли“ рече: „Запомнете дека кралицата не ја запознала нејзината најнова правнука. Се чини дека тоа нема да се случи во скоро време. Таа веќе подолго време не го видела Арчи. Како семејство, ако го занемариме фактот дека се кралско семејство, таму веќе постои поприлично замрзнување и оддалеченост.

Бебето Арчи мама Меган го запознава со кралицата и други високи членови на монархијата

Принцот Хари и Меган Маркл моментално го прекинаа ангажманот во добротворната организација „Арчивел“ за да ѝ го посветат целото свое време на новородената ќерка Лилибет, која го доби името како почит кон кралицата и принцезата Дијана.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде