Вечната дилема – што да облечеме во лето а да се чувствуваме добро

Лето, високи температури и редовниот конфликт и дилема кои ги водиме сами со себе: што да облечеме а да се чувствуваме лесно и комфорно?

Летото е создадено единствено за лесни и пријатни материјали кои не создаваат непријатност и прекумерно потење при нивното носење.

Доминирајте со добро одбрани парчиња кои ќе ви помогнат полесно да го поминете напорниот и топол ден.

Безразлика дали се спремате за дневно или вечерно излегување, за на плажа или град, ви предлагаме приоритет од вашиот ормар да ви бидат светлите бои, меѓутоа сепак тоа е е прашање на вкус и стил, едноставните и левтерни парчиња кои допринесуваат за пријатен и изглед кој остава впечаток дека се чувствувате добро во тоа што го носите.

Овие неколку, типично – летни комбинации се надеваме ќе можат да ви помогнат за комбинирање на вашиот следен летен ,,аутфит”.

Модните додатоци ги оставаме на вашата имагинација, сепак е лето и дозволени се секакви комбинации од бои, големини и дезени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде