(ВИДЕО) Кузмановиќ: СДСМ гради модерна и современа патна мрежа во сите делови на Прилеп

Прес коференцијата на Ивона Кузмановиќ од ОО СДСМ Прилеп пренесена во целост.

Општина Прилеп предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, продолжува со интензивни градежни активности за реконструкција на патната инфраструктура во општината.

Изградбата на новата улица „Кеј 1.Мај“ во должина од 650 метра, е доказ за нашата посветеност за изградба на модерна и современа патна мрежа во сите делови на градот.

Дека водиме подеднаква грижа за уредување на улиците насекаде во градот, потврдуваат и градежните работи на улицата „Целе Мавровски“, а деновиве започнува изградбата и на „Цане Илиески“ и „Трајко Николоски“.

Покрај изградбата на овие улици, во сите урбани и месни заедници од општина Прилеп, ќе се реконструира и рехабилитира голем дел од постојната патна мрежа, а ќе продолжи и уредувањето на тротоарите со бекатон плочки.

Почитувани сограѓани,
Во изминатите три ипол години покажавме дека си стоиме на дадениот збор и дека ги реализираме ветените инфраструктурни приоритети.

Покажавме дека СДСМ е најдобриот избор на граѓаните, затоа што има најдобри проекти, најдобра понуда и концепт и визија за долгоречен развој на општината.

Продолжуваме заедно со граѓаните за најдоброто за општина Прилеп.

Сектор за комуникации на ОО СДСМ Прилеп

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде