Фудбалот наместо дома замина за Рим, Италија е новиот шампион на Европа

Фудбалската репрезентација на Италија ја освои титулата на Европското првенство. Италија, во драматичното финале, на Вембли, ја победи Англија по избедувањето на пенали со 3:2

Натпреварот во регуларниот дел и продолженијата заврши со резултат 1:1.

Голот за Англија го постигна Лук Шо по една минута и 57 секунди. Италија израмни преку Бонучи во 67.минута.

Во пенал серијата херој стана Џиџи Донарума кој ги одбрани последните два пенали.

За Италија ова е втор трофеј на ЕУРО, додека за Англија ова беше прво финале на шампионатот на Европа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде