Никој не ја споделува реалноста, Теодора со искрена исповед на социјалните мрежи!

Светот денес, за жал, може многу едноставно да го дефинираме: Tik tok, Instagram, Facebook и Followers.

Српската инфлуенсерка, Теодора Поповска, или WOLFDORAA, која на TikTok ја следат повеќе од 227.000 луѓе реши да ја прикаже реалноста позади тоа што го гледаме на социјалните мрежи.

Како инфлуенсер, ако воопшто и може да се нарече професија, таа објавува многубројни видеа и мнозинство од нејзините следбеници, логично, сметаат дека таа живее совршен живот, и многу од нив целат кон истиот. 

Меѓутоа, за среќа, Теодора била ,,испровоцирана” од девојка која и напишала коментар дека се чувствува многу несигурно кога ги гледа нејзините слики и видеа, па решила на послужавник да го прикаже својот ,,совршен” живот на сите нејзини следбеници.

@wolfdoraa

ig/t.popovska 🦋 #foryou #fyp #viral #trend #talikusa

♬ Get You The Moon – Timmies

Таа во врска со нејзиниот коментар истакна:

„Прочитав коментар од девојка која кажа колку ѝ е тешко затоа што ги споредува мојот и нејзиниот живот, затоа што смета дека јас имам совршен живот и дека се чувствува несигурна поради тоа. Ние инфлуенсерите, зборувам во името на сите, ви пласираме нешто нереално. На пример, за мојот роденден објавував фотографии дека сум среќна и весела, а роденденот го поминав речиси сосема сама затоа што немав кого да поканам. Јас сум од малечка отфрлана од друштовото, лажирам дека сум среќна. И јас сум била излажана, и мене ме игнорирале некои момчиња и мене ми се случуваат истите нормални работи. Сега имам посебен филтер затоа што имам проблем со акни. Пласирам живот што не е реален. Верувајте ми, вашите идоли, воопшто немаат таков живот како што сметате дека имаат. Сите имаме исти проблеми“ – истакна Теодора

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде