Финикс до водство од 2-0, Антетокумпо без поддршка од соиграчите

Кошаркарите на Финикс Санс го одбранија домашниот терен, во финалната серија против Милвоки Бакс. Со серија тројки, Санс, ги поништија 42 поени на Јанис Антетокумбо и со победата 118:108, поведоа во серијата со 2-0.

Милвоки подобро влегоа во натпреварот, ја добија првата четвртина, во која имаа двоцифрена предност. Финикс се вратија во вториот период, ја стигнаа предноста на противникот и на полувреме заминаа со разлика од 11 поени.

Антетокумбо во третиот период постигна 20 поени, Милвокисе доближија на шест поени негатива, но нападот на Бакс го одбија Бриџис и Пол.

Финикс, погодија 20 тројки од 40 обиди што беше клучно за победата.

Девин Букер постигна 31 поен (7 тројки), Мајлл Бриџис уфрли 27, а Крис Пол 23 поени. На спротивната страна Јанис играше речиси сам, постигна 42 поени, на кои придодаде 12 скокови.

Финикс две победи ги делат од првата титула во историјата на франшизата. Низ историјата, Финикс, два пати играле во големото финале, во 1976 и 1993 година и никогаш не забележале повеќе од две победи.

Третиот натпревар се игра во Милвоки, во понеделник во 2 часот наутро.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде