Еве што ја чисти кожата од акни и ослободува од вишок килограми

Водата од краставица, е одличен детокс избор во секој период од годината а особено сега.

Оваа детокс вода е навистина многу вкусна, ќе се изненадите од тоа колку освежува и ја згаснува жедта.

Добро е познато дека е здрава и ароматична замена за сите пијалоци што вообичаено ги консумираме, а исто така е одличен начин да се ослободите од вишокот килограми.

Краставицата е зеленчук кој организмот многу лесно го преработува. Одлична е во спречување на воспаленијата и го елиминира вишокот на течности од организмот, а со тоа ја спречува и надуеноста на стомакот.

Патем, таа е и еден од омилените пијалоци на сите оние кои се грижат за здрав начин на живот и сакаат да го исчистат телото од токсини. Бидејќи краставиците се извор на силикон, спортистите го користат и овој напиток, бидејќи помага да се обноват мускулите и ткивата. Благодарение на калиумот, краставицата е квалитетна алкализирачка храна што ќе помогне во намалување на крвниот притисок.

Како да ја подготвите? Многу едноставно:

СОСТОЈКИ:

  • 2 литри вода
  • 1 голема краставица

Добро измијте ја краставицата а потоа извадете ги краевите и исечете ги на потенки парчиња, со кора.
Ставете ги парчињата краставица во вода и кратко оладете во фрижидер.
Послужете со коцки мраз и лисја од нане.

Совет плус: По ваша желба на овој вкусен пијалок можете да му додадете парчиња лимон или лимета, парчиња јагода, малина или други плодови.

Водата од краставица е идеален пијалок за топлите денови, кога телото едноставно извикува течност, затоа што е многу вкусно, па можете лесно да го голткате цел ден.

Ја чисти кожата од акни
Покрај освежување, овој пијалок, богат со витамини А и Ц, ќе ја исчисти кожата од акни, ќе и даде сјај, ќе помогне во ублажување на брчките и хидрирање однатре и надвор

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде