Ким Кардашијан пропаѓа или се крева уште повисоко?

Ким Кардашијан Вест, преку социјалните мрежи најави дека привремено ќе ја затвори веб-продавницата на својот бренд за убавина,  KKW Beauty.

Кардашијан им пренесе на фановите на нејзината линија за убавина да се збогуваат со палетата козметички производи на „ККВ бјути“  – кој го основаше во 2017 година – бидејќи планира да ја започне линијата како целосно нов бренд во текот на следните месеци.

Во објавата таа напиша: „До нашите верни клиенти, сè започна со контурен комплет и се прошири на очи, усни, тело и многу неверојатни колекции во текот на изминатите четири години.“

„На 1 август на полноќ ќе ја затвориме страницата KKWBeauty.com за да можеме да ви се вратиме под целосно нов бренд со нови формули кои се помодерни, иновативни.“ – напиша Ким

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде