На општините им беа доделени договори за реализација на проекти во висина од 609.9 милиони денари

Градоначалникот на Општина – Прилеп, Илија Јованоски, на социјалните мрежи објави дека во присуство на премиерот Зоран Заев и извршниот директор и претседател на ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, денес преку Владата на РСМ на Општина Прилеп и на друга 21 општина, им беа доделени договори за реализација на проекти во висина од 609.9 милиони денари.

,,На Општина Прилеп и’ беше доделен договор од ТАВ програмата за реконструкција на цевковод со главен довод на вода од извориште во м.в. „Пашоски ливади“ до собирна шахта во КО Прилеп, во висина од 40.540.000,00 денари. Целта на проектот е надминување на проблемот со водоснабдувањето и овозможување на поквалитетни услови за водоснабдување, преку реконструкција на главниот доводен цевковод за вода во должина од 4 км и преку измена на материјалот од цевките во ливено-железни, со профил од 300 мм и притисок од 10 бари, заедно со целата потребна придружна хидротехничка опрема. Реконструкцијата се изведува со напуштање на постоечкиот ров и изградба на нова диспозиција на трасата за доводниот цевковод, кој ги транспортира водите од постоечки каптажен објект, до кого се предвидува нова водомерна шахта со вграден електромагнетен мерач на проток.На настанот присуствуваа и Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, првиот заменик на претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонијa.” – истакна Јованоски

Премиерот Зоран Заев одржа говор на кој изјави:

,,Ми претставува чест и задоволство што денес ги доделуваме договорите на 23 општини за реализација на проекти за граѓаните, со вкупна вредност од 609,9 милиони денари односно 9,9 милиони евра, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање по повод церемонијата на доделување на договорите за првите 23 општини од ТАВ Програмата.”

Како што појасни премиерот, станува збор за инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење за граѓаните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде