Талевски: Во изминатите три години покажавме дека сме партија која си стои на дадениот збор пред граѓаните

На граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Прилеп, свое обраќање имаше и пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талевски, кој јасно, пред своите сограѓани потенцираше дека СДСМ покажа дека зборот важи и дека го исполнува сето она на што се обврзала.

Талевски гордо, јасно и прегледно им потенцираше на прилепчани:

,,Jа вративме слободата, срушивме режим. СДСМ прерасна во најпрогресивната, најдемократска и најголема партија во државата. Денес, со гордост можеме да истакнеме дека сме дел од партијата која ја влече државата напред, партијата која носи добробит за сите граѓани подеднакво.Наспроти нас, нашиот политички опонент, ВМРО-ДПМНЕ, останува заглавен во истата режимска матрица на Никола Груевски, кој се уште раководи од Будимпешта. Таму нема никаква промена. Ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски знае само за деструкции, за блокади, за одбрана на криминалци и секако лажни вести.Беа против повисоки плати, против зголемување на пензиите, против парите да завршуваат кај граѓаните. Кочат инвестиции во здравството, кочат закони важни за наставниците, за Армијата, за сите граѓани.” – нагласи Талевски.

Тој направи споредба и рече:

За разлика од опозицијата, СДСМ се менува, се подобрува и работи со граѓаните.

,,Затоа, денес стоиме пред вас и велиме, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не само што е најдоброто за државата, туку е најдоброто и за нашата општина! Ако погледнеме малку наназад, ако направиме мала ретроспектива на изминатите три – четири години, со гордост можеме да истакнеме дека постигнавме успеси на секое поле, и за државата и за општина. Го исполнивме стратешкиот интерес на граѓаните, станавме полноправна земја-членка на најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот, НАТО алијансата. Денеска имаме стабилна држава, со безбедни граници.” – нагласи пратеникот.

,,Почитувани сограѓани, пандемијата со коронавирусот не’ исправи пред многу предизвици, вирусот предизвика многу здравствени и економски последици. Но, како држава покажавме дека умееме да се справуваме со пандемијата. Донесовме серија на економски, антикризни мерки, со кои покажавме вистинска грижа за стопанството и граѓаните. Зачувавме илјадници работни места.Ќе потсетам и на тоа дека успеавме да го продолжиме растот на платите во сите сектори во државата. Минималната плата од мизерните 9.000 денари во времето на ДПМНЕ, ја кренавме на 14.500. Драстично ги покачивме платите во здравството. Основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%. Тоа е начинот на кој треба да се ценат и вреднуваат хероите на новото време, нашите здравствени работници.Покажавме дека си стоиме на дадениот збор и пред тутунарите. ВМРО-ДПМНЕ ги плашеше тутунарите дека ќе сме ги укинеле субвенциите. Еве, не само што не се укинати, туку се зголемени. 80 денари за прва класа, 70 за втора и 60 денари за трета класа, по килограм предаден тутун. И она што е исто така важно, субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно. Ги зголемивме пензиите за сите пензионери, а воведовме и социјална пензија. Ветено, сторено.Почитувани присутни,СДСМ е најдоброто за нашата општина, затоа што за 3 години направивме многу повеќе за Прилеп, отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12 години.”

Тој прецизно наведе само дел од сето она што е сработено во изминатите 3 години. Односно, само дел од капиталните проекти:

,,Кај ТИРЗ Прилеп, изградивме клучка. Капитална инвестиција, која заедно со другите инвестиции во Зоната, изнесува 6 милиони евра. Со нејзината изградба, ја подобривме безбедноста на сите учесници во сообраќајот на тој потег, а секако допринесовме и за побезбеден транспорт на стоки и услуги, обезбедивме услови за нови инвестиции во зоната и нови работни места. Во близина на прилепската касарна, гизградивме ИКТ центар. Тоа е објект од стратешко значење за Прилеп и за државата. Во случај на било какви неподоги, сите податоци на граѓаните остануваат безбедни и зачувани. Само тој проект е во вредност од 11 милиони евра. Реконструиравме околу 16 километри од Регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола. Тоа прва негова реконструкција откако е изграден во далечната1964/65 година. Поставен е нов асвалт, нови банкини, нова сигнализација.Го рехабилитиравме патот до Прилепското езеро! Таму при крај е изградбата на новиот спортско-рекреативен центар, кој го гради локалната самоуправа.За прв пат од неговата изградба, се реконструира и патот за Мариово. Покажуваме дека мариовскиот регион е исклучително важен за Прилеп.Го изградивме и патот од Волково преку Прилепец до манастирот „Св.Никола“. Поставен е асфалт во должина 5.5 километри. На тој начин сериозно ја подобривме пристапноста до овај значаен духовен храм.Примарната гасоводна линија веќе поминува покрај Прилеп. Наскоро, согласно предвидената динамика, ќе стартува и секундарна гасификација на градот.Реконструирани се улици во сите делови на Прилеп и населените места. Се реконструира водоводната и канализационата мрежа и се гради нова секаде кадешто нема.Заради сето ова, најодговорно тврдам дека за 3 години изградивме повеќе, отколку ДПМНЕ во 3 мандати. Покажавме одговорност, отчетност и пред се’ дека го реализираме она што сме го ветиле. За нас зборот е збор.Она што е одлика на СДСМ, е дека знаеме да го слушаме гласот на граѓаните.Токму преку разговор и дијалог со граѓаните, ќе ја напишиме и новата предизборна програма.Ви ветуваме дека ќе оствариме се’ што е во интерес на општината и граѓаните.” – рече Талевски при своето обраќање

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде