Општина Прилеп го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Делегација предводена од Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски на којашто присуствуваа и членови на Советот на Општината, пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талевски, денес со полагање цвеќе на Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата, го одбележаа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

,,Оддавањето почит на нашите сограѓани кои ги положиле своите животи на браникот на татковината, е нашиот придонес и придонесот на новите генерации во континуираната борба против фашистичкото зло. Горди сме на борците од НОБ кои застанаа на страната на антифашистичката коалиција и кои го остварија сонот на многу генерации за создавање наша, македонска држава.Нека е честит и вековит Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа!” – напиша Јованоски

Пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талевски истакна:

,,Оддавајќи им почит на загинатите борци кои ги дадоа своите животи во борбата против фашизмот, го даваме својот завет за продолжување на вечната борба против ова зло. Честит да е 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа!”

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде