Александар Ѓорѓиоски: СДММ е целосно посветено кон носење на мерки за подобрување на животниот стандард на младиот човек

Претседателот на ЛК СДММ-Прилеп, Александар Ѓорѓиоски зборуваше за новите можности и перспективи кои се отвараат за младите во последните неколку години како и за поголемо вклучување на младите во опшеството.

Социјалдемократската младина активно учествува во сите активности на СДСМ, вклучувајќи ги тука и креирањето на програмата и политиките на оваа партија, притоа развивајќи самостојна политичка иницијатива и дијалог меѓу младите и другите субјекти во општеството.

Локалниот клуб на СДММ Прилеп е дел од најголемото семејство на млади во државата. Колку сте вклучени во креирањето на програмата и политиката на оваа партија?

  • Секој млад човек кој е интегрален дел од СДММ допринесува во градењето на политиките на СДСМ. СДММ во континуитет е вклучена во креирањето на програмата на СДСМ а тоа може да се забележи од самата програма на СДСМ која што во голем дел е фокусирана на младите луѓе. СДСМ е место во кое што особено гласот на младиот човек е слушнат и ги повикувам сите млади кои имаат идеи за подобрување на младинското живеење да пристапат и тие да помогнат во креирањето на политиките.

Вие како претседател неодамна потенциравте дека се зголемува бројот на млади социјалдемократи. Колку членови моментално брои Локалниот клуб, каков е интересот и на кој начин можат да пристапат нови членови?

  • Како што кажавте, бројот на млади членови во Прилеп постојано расте и моментално  изнесува над 700 млади членови. Исклучително позитивно е движењето меѓу оние најмладите, односно лицата помеѓу 18-22 год кои што најчесто се студенти и  кои својата иднина ја гледаат во СДММ. Во периодот на реевидентирање на членството на СДСМ огромен беше интересот на младите, а посебно ме радува фактот што во само еден неполн месец над 100 нови млади пристапија кон СДММ. Секој еден млад кој сака да пристапи кон СДММ може да не исконтактира преку нашите официјални ФБ  и инстаграм профили или на отворените денови кои ЛК СДММ Прилеп ги одржува секоја недела.

Како опшествено одговорна младина преземате голем број на хуманитарни акции и активности со цел зачувување на животната средина. Нешто повеќе за престојната Еко акција на 9-ти мај.

  • Досега ЛК СДММ Прилеп во неколку наврати преку бројни хуманитарни и еколошки акции докажала дека се грижи како за граѓаните така и за животната средина. Од почетокот на оваа година имаме организирано 2 хуманитарни акции за помош на ранливи категории на граѓани, а пред само 2 недели на местото околу манастирот Св. Димитрија во с. Селце каде само пред 2 години избувнаа големи пожари ЛК СДММ Прилеп засади над 250 нови садници. Како што сите знаеме Прилепското езеро е омилена пикник локација на прилепчани, но не секој се грижи доволно за животната средина. Сликите кои се ширеа на социјалните мрежи на кои се гледа негрижата на наши сограѓани кои после првомајските излети оставиле отпад зад себе ни беше главен мотив да организираме еко-акција под мотото „Засукај ракави да го исчистиме Прилепското езеро“ со цел ова омилено излетничко место повторно да го врати сјајот.  Ги повикуваме сите граѓани на општина Прилеп да ни се приклучат во недела 09.05.2021 во 10:30 часот кај мотелот на Прилепското езеро и заедно со нас да се вклучат во оваа акција.

Што мислите, какви се перспективите и можностите за младите во Прилеп и Македонија и колку вие како СДММ придонесувате за подобрување на истите?

  • Како земја која пред неполни 4 години излезе од 12 годишен режим кој што делуваше доста деструктивно врз младите, по доаѓањето на власт на СДСМ се отворија нови перспективи и можности за младите. Преку голем број на активни мерки и проекти кои владата ги спреведува преку агенцијата за млади и спорт, АВРМ и ФИТР значително се зголемува можноста младиот човек веднаш после завршувањето на образованието да отвори сопствен бизнис и понатаму да напредува. Кога би наброил неколку проекти кои ги има превземено владата сигурно тука би го вклучил носењето на законот за младинско учество и младинска политика, субвенционирањето на вработување на лица до 29 години, грантови за самовработување на лица до 29 години и европската младинска картичка која беше спроведена преку АМС. СДММ како најавангардно младинско семејство е целосно посветено кон носење на мерки кој што значително би го подобриле животниот стандард на младиот човек во нашата држава.

Ѓорѓиоски на крајот потенцираше дека голема чест, но и одговорност е да се биде претседател на подмладокот на најголемата политичка партија. Тој се залага за поголемо вклучување на младите во општеството, засилување на младинскиот активизам, поттикнување на еколошката свест и хуманизмот меѓу младите.

  • Голема е привилегијата и честа да се биде претседател на најголемиот подмладок во Прилеп, но во исто време голема е и одговорноста да се биде претседател на ЛК СДММ  Прилеп. Во последните 3 години ЛК СДММ Прилеп покажа едно ново ниво на младински партиски активизам организирајќи голем број активности, дел од хуманитарен и еколошки аспект но и на голем број активности за промоција на проекти. Од оние аквивности кои што последниве 3 год ги имаме спроведено би ги издвоил младинското летно кино, кое што за првпат се организираше во Прилеп и кое наиде на голем интерес на младите прилепчани.
  • Тука би ја издвоил и традиционалната крводарителска акција која секоја година ја организира ЛК СДММ Прилеп. Од еколошките акции би ги издвоил зазеленувањето на паркот во Точила и ставањето во функција на паркот до центарот за церебрална парализа. Од хуманитарните акции би ја издвоил онаа за помош на пациентите кои лежат во ковид одделенијата во општата болница Прилеп. Но од сите активности најгорд сум на младинската трибина која беше организирана од страна на ЛК СДММ Прилеп и која беше посетена од над 250 млади и работилницата која ЛК СДММ Прилеп ја организираше со студентите од Прилеп. Во наредниот период ЛК СДММ Прилеп во континуитет ќе го продолжи својот активизам преку низа активности во интерес на младите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде