Во Центарот за јавно здравје – Прилеп, официјално започна со работа Молекуларната лабораторија

Во Центарот за јавно здравје – Прилеп, официјално започна со работа Молекуларната лабораторија, која е во склоп на Микробиолошката лабораторија, што значи дека од денеска сите брисеви од потенцијални пациенти сомнителни на Kовид-19, ќе се испитуваат во новоотворената лабораторија.

Ова е уште еден добар момент за нашата општина, затоа што резултатите од направените ПЦР тестови во Молекуларната лабораторија при Центарот за јавно здравје, граѓаните ќе ги добиваат истиот ден кога им е извршено тестирањето за Ковид-19. Со тоа, граѓаните побрзо и навремено ќе доаѓаат и до резултатот од ПЦР тестирањето за патување во странските држави или за било какви други нивни потреби. Целата инвестиција изнесува околу 3.5 милиони денари, а капацитетот на лабораторијата е 60 тестови во текот на еден ден. Молекуларната лабораторија ќе остане во функција и после завршувањето на пандемијата на ковид-19 и ќе се користи за дијагностицирање на многу други вирусолошки и бактериолошки заболувања. Очекувам дека во наредните 10 до 15 денови ќе го имаме на располагање и регионалниот пункт за масовна вакцинација, којшто ќе биде сместен во спортската сала во средното медицинско училиште во Прилеп. Во таа насока, упатувам јавна порака, потребно e сите да се вакцинираме, затоа што масовната вакцинација е начинот на кој ќе ја победиме пандемијата. – сподели на својот профил, градоначалникот Илија Јованоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде