31-годишен прилепчанец починал откако со возило удрил во бетонски столб

Вчера во 12.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај с.Беровци, патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) од Прилеп, удрило во бетонски столб од надвозник, информираа од МВР.

Возачот починал на местото на незгодата.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде