Државјанин на Турција натепан по сообраќајна несреќа во Прилеп

Триесет и тригодишен државјанин на Турција (Ш.Ч.), со привремен престој во селото Канатларци, Прилепско, пријавил напад.

Според информациите од полицијата, тој завчера околу 12.30 часот на улицата Прилепски бранители, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од две лица.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде