Започна вакцинацијата во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ во Прилеп

Во соработка со Министерството за здравство и Општата болница „Борка Талески“ од Прилеп, денеска беше реализирана првата фаза од вакцинацијата на штитениците на Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“.

Од вкупно 115 лица колку што во моментов ги користат услугите на Домот, 86 лица изразиле желба да бидат вакцинирани. Остануваат десетина корисници кои се на возраст под 60 години, кои ќе бидат вакцинирани после празниците.

Домот за стари лица во Прилеп е првата институција во градот каде се врши масовна вакцинација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде