Општина Прилеп набави 600 таблети за децата од социјално ранливите категории

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, денес објави дека Општина Прилеп набавила 600 таблети за децата од социјално ранливите категории.

Во насока на овозможување подобри услови за наставниците и учениците за следење на настава од далечина, Општина Прилеп спроведе заедничка јавна набавка за сите училишта, при што набавивме 600 таблет компјутери за децата од социјално ранливите категории, 240 статични и 168 лаптоп компјутери. Вкупната вредност на јавната набавка изнесува 16.714.812 денари.“ – објави градоначалникот Јованоски.

Набавената опрема е на задоволство како на наставниците, така и на учениците, на кои ќе им биде овозможено преку таблет компјутерите непречено да ја следат наставата од далечина.“ – додава Јованоски.

Тој напиша и дека набавката е направена поради две причини: сите училишта да имаат исти компјутери заради нивно поедноставно сервисирање и второ, затоа што секогаш кога се купува поголема количина, сумата на издвоени средства за јавната набавка е пониска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде