Заев покажа фотографија на пратеникот Ристески со полицаец кој наводно конзумирал кокаин

Премиерот Зоран Заев на собраниската говорница, одговараќи на пратенички прашања, покажа фотографија на која наводно пратеникот Петар Ристески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е фотографиран во друштво со полицаец кој наводно е санкциониран за конзумирање кокаин.

Претходно пратеникот од Прилеп го обвини Заев дека тој и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го назначиле Кире Спирковски Чипсио како полициски началник, пред да биде уапсен во акцијата кај Плетвар со помош на американската ДЕА.

„Командирот го бира Советот на Општина Прилеп, истовремено командирот ако посегнал кон незаконско дејствие апсолутно треба да одговара. Акцијата е исклучително професионална и успешна. Организирана, смислена, докажана по сите светски стандарди. Вие сте сликан во друштво со конзумент на кокаин кој е санкциониран полициски службеник“, рече Заев, покажувајќи фотографија.

Ристески се бранеше дека комшиите и сограѓаните не се бираат, додека тој и Спасовски го избрале началникот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде