Миле Талевски: Политиката да се тргне од спортот, „Победа“ мора да ја раководат лица кои потекнуваат од фудбалот

Откако по социјалните мрежи се крена „прашина“ за новото раководство на ФК Победа, се огласи пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талевски.

Тој потенцира дека фудбалскиот клуб Победа мора да го раководат лица кои потекнуваат од фудбалот, и апелира да се повлече одлуката за именување на ново раководство.

„Во годините наназад, гласно зборував дека политиката треба да се тргне од спортот, особено кога станува збор за гордоста на Прилеп и прилепчани, Фудбалскиот клуб „Победа“.

За мене, како политичар, а пред се како човек и вљубеник во ФК „Победа“, и тогаш, а и сега е недозволиво политиката да меша прсти во фудбалската гордост на Прилеп.

Кога е во прашање фудбалот во најфудбалскиот град во државата, личните интереси мора да бидат настрана. „Победа“ мора да ја раководат лица кои потекнуваат од фудбалот, кои оставале срце и душа на фудбалскиот терен на градскиот стадион „Гоце Делчев“.

Апелирам да биде повлечена последната одлука за именување на ново раководство на клубот и на негово место да биде поставен кадар, кој потекнува од ФК „Победа“ и кој ќе ја ужива поддршката од целата фудбалска јавност во Прилеп. Победа во срцето“, напиша Талевски на својот Фејсбук статус.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде