Кети Смилеска: Сите вакцинирани во Прилеп се чувствуваат добро!

Во Прилеп денес започна имунизацијата на граѓаните согласно динамиката која ја предвиде министерството за здравство.

Директорката на Општата Болница „Борка Талески“, Кети Смилеска потврди дека во Прилеп пристигнале 900 вакцини и сите кои ја примиле вакцината се чуствуваат добро.

„Сите кои биле пријавени преку Мој терним се пријавиле за вакцинирање. Денес имаме еден пункт за вакцинација, но ќе бидат вакцинирани 90 граѓани. Од утре ќе функционираат два пункта и вакцинирањето ќе трае додека не се исцрпат залихите. Граѓаните во вакцината гледааѕт надеж дека нема да се заболат од Ковид 19. Од она што го имам како информација, сите вакцинирани лица се чувствуваат добро“, изјави Смилеска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде