Прилепските пратеници од ДПМНЕ и понатаму лидери за патни трошоци

Во новиот парламентарен состав рекордери по патни трошоци се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов, Сурија Рашиди и Петар Ристески, објави СДК.мк повикувајќи се на документи добиени од Собранието.

Со тоа продолжува традицијата пратеници на ВМРО-ДМПНЕ кои секогаш се меѓу рекордерите во патните трошоци.

Само за потсетување дека во претходниот парламентарен состав Димитар Стевананџија беше еден од тројцата пратеници со рекордни патни трошоци.

И во новиот парламентарен состав ситуацијата кај ДПМНЕ не се променува кога се во прашање патните трошоци.

Рекордер во прокнижени патни трошоци за 5 месеци има Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ, од Василево, кој од Собранието подигнал 4.870 евра под оваа ставка.

За истиот период, Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓа од Прилеп, зел 4.092 евра, објави порталот СДК.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде