Паника во ДПМНЕ, падна главата на „злосторничкото здружение“

0
90

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков доби казна затвор од 12 години за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од (УБК).

Мијалков е осуден за сторено кривично дело „злосторничко здружување“ во времетраење од 5 години, „злоупотреба на службената положба и овластување“ во времетраење од 5 години и „примање награда за противзаконито влијание“ во времетраење од 3 години. Судот изрече единствена казна затвор од 12 години.

Ова е доказ дека нема недопирливи, селективната правда е минато.  Граѓаните очекуваат на ист начин да бидат спроведени и довршени сите предмети за организиран криминал и против Уставот и достоинството на граѓаните.

Ова создава паника во редовите на ДПМНЕ, чии високи функционери како Антонио Милошовски, Игор Јанушев, Миле Јанакиевски… долго и бегаат на правдата и со тоа го кочат процесот на демократизација и прочистување на партијата.

Сега стана јасно зошто ДПМНЕ и Мицковски толку се бореше против законот за Јавно обвинителство, за да ги спаси своите ментори, Никола Груевски и Сашо Мијалков.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде