Сугарески: Успешна акција на Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат. Запленет е необработен тутун, незаконски пуштен во продажба

0
149

Денес, директорот на Царинската управа – Горан Сугарески, изјави дека извршена е успешна акција на Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат.

Запленет е необработен тутун, незаконски пуштен во продажба, со што е извршено прекршување на законите и поттикната е недозволена трговија. Против правните лица е поднесена кривична пријава за избегнување на плаќање акциза, за оштетување на буџетот од над 4,7 милиони евра. 

Тој исто така изјави дека производството и продажбата на нелегален режан тутун е се позачестена појава и има штетни последици по здравјето на граѓаните. Овој вид тутун, кој нелегално се произведува и продава во државата, нема никакви документи кои го докажуваат неговото потекло, видот, квалитетот, начинот, како и местото на одгледување и чување и не подлежи на процес на контрола на квалитетот од овластените институции во земјата. 

Царинската управа како една од важните институции за превенција и спречување на оваа појава, во координација со други државни институции, презема конкретни активности фокусирани на борба против нелегалната продажба на режан тутун во земјава и елиминирање на сивата економија и одржување на планираните буџетски приходи на државата.Ги повикувам медиумите заедно со нас да работат на подигнување на свеста на јавноста за оваа тема и заедно да ги укажеме сите штетни последици од оваа загрижувачка незаконска појава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде