ДПМНЕ Прилеп во политички „стечај“

0
219

Процесот кој го започна владеачката СДСМ за внатрепартиски избори своевидно е демократска одлика, прв пат на политичката сцена.

За разлика од тој процес во опозициската ДПМНЕ превирањата немаат крај. Мицковски подучен од својот ментор Груевски, наместо да биде конструктивна опозиција, брзаше да го смени внатрепартискиот статут, со цел да ги задуши сите прогресивни сили.

Листата на иницијативниот одбор кој бара вонреден конгрес е се поголема. Во неа се истакнати членови, поранешни градоначалници и високи партиски фукционери.

Раководството на ДПМНЕ не бира начин да го задуши процесот и да си организира по свој терк.

ДПМНЕ Прилеп е во теснец, во спрега помеѓу реформите или продолжување со старото раководство.

Огранокот во Прилеп е во политички „стечај“ на неколку месеци пред локалните избори. Се уште не е избрано партиското раководство, а внатрепартиските кавги го доживеаа својот врв по оставката на Проданоски.

Неорганизираноста и апатијата на ДПМНЕ Прилеп го става членството пред тежок предизвик која страна да ја избере.

Вечното раководство пратеничката Лашкоска, Димитар Стевананџија и Марјан Ристевски се во меѓусебна спрега.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде