Политичката игра на тронови во ДПМНЕ Прилеп ја достигна својата кулминација.
Просторот за напредок на младите и прогресивни сили беше дел на опструкција од старите режимски сили. Според неофицијални информации, новоназначениот претседател Продановски бил оспорен од централата поради неговиот избор на тим.
Претходната раководна структура на ДМПНЕ Прилеп очигледно не е спремна за реформа во партијата.
Иако ДПМНЕ ги загуби локалните избори, поранешното раководство од режимските денови не сака да ги ослободи стегите од партијата.
Бившиот пратеник Димитар Стевананџија, кој го преспа последниот мандат, и поранешното раководство на Груевски, се уште не можат да ја ослободат партијата за прогрес и реформа.
Недемократската прагма и стил на локално ниво е само одраз на кадровската политика на Мицковски, инсинуирана од неговиот ментор, бегалецот Груевски.