Во зградата на МЗШВ од задната страна се пријавува вишокот на тутун. Од утрово, тројца тутунари од Прилеп го пријавиле вишокот на тутун во ПЕ на МЗШВ.
Според Зоран Пачешкоски, раководител на ПЕ на МЗШВ Прилеп, направена е посебна канцеларија во зградата на подрачната единица од надворешната страна каде по сите здравствени протоколи ќе се врши пријавувањето на вишокот на тутун.
„Од утрово дојдоа тројца тутунари од Прилеп кои пријавија вишок на тутун. Едниот пријави 1,6 тони тутун, другиот 600 килограми, а третиот 400 килограми. Покрај во подрачната единица, тутунарите вишокот на тутун може да го пријават и кај поверениците на откупните пунктови“, изјави Пачешкоски, кој додаде дека се порценува од 2 до 4 милиони килограми вишок тутун.
Што се однесува до потребните документи за пријавување потребни се:
-ИДБР- идентификационен број од земјоделското стопанство
-Име и презиме од тутунарот, производител
-телефон за контакт
-количина на вишокот на тутун.
