Горан Сугарески именуван за директор на Царинската управа

0
759

Горан Сугарески кој до пред неколку месеци, повеќе од успешно ја извршуваше должноста како министер за транспорт и врски, сега ја презема функцијата на директор на Царинска управа – одлучи Владата на денешната седница.

Горан Сугарески, кој дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, каде и станал магистер по политички науки, во периодот од 2000 до 2003 година е советник во советот на Општина Прилеп.

Во периодот од 2008 до 2016 година ја е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Во текот на неговиот пратенички мандат, Сугарески исто така е член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за избори и именувања, за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, како и заменик-член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во периодот од 2013 до 2015 година бил заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, а потоа и координатор до 2016 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде