Талевски: Законот за финансиска поддршка е изгласан во Собрание, еве кои граѓани добиваат голема помош од државата

0
1492

Пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талевски, денес соопшти убава вест за граѓаните. На денешната седница беше изгласан Законот за финансиска поддршка на ранливите категории.

,,Изгласан е законот за финансиска поддршка на ранливите категории. Освен самохраните родители со Законот за финансиска поддршка по шест илјади денари исто така треба да добијат и пензионерите со месечна пензија до 15 илјади денари и пасивните невработени. Средства добиваат самохраните родители, естрадните уметници и филмските работници, учениците од основно и средно образование од социјално ранливи семејства, децата без родители. Граѓаните имаат рок до 25-ти овој месец за да ги потрошат средствата за купување на домашни производи.” истакна Талевски

Ветеното е исполнето. Власта предводена од СДСМ повторно покажа и докажа дека работи во корист на граѓаните – секое семејство заслужува помош во овие навистина тешки времиња.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде