„Врба“ на Милчо Манчевски – македонски кандидат за Оскар 2021

0
23

Нашата држава, изминатава година беше особено горда, оправдано, на постигнатиот успех на македонскиот филм ,,Медена земја”, кој беше прв филм номиниран во две оскаровски категории – најдобар странски филм и најдобар документарен филм. Екипата, заедно со Атиџе се појавија на црвениот тепих во Долби театарот и не напправија горди со своето достигнување, иако не освоија Оскар.

Годината 2021, да се надеваме дека ни носи уште поголеми успеси со тоа што кандидат за Оскар 2021 е филмот на Милчо Манчевски – „Врба“ а дали ќе биде номиниран ќе дознаеме на 15-ти март.

Во конкуренција исто така биле и филмовите: „Ефектот на среќата“ на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи, „Кеиф“ на Блаже Дулев и „Незо“ на Мерита Чочоли, додека Комисијата се појавила во следниот состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ – актер, Тамара Котевска – режисер, Самир Љума – кинематографер, Мартин Иванов – монтажер, Иван Ѓоршев – мајстор на светло и Сања Арсовска – актерка.

„Врба“ досега има освоено вкупно 5 меѓународни награди, а Манчевски неодамна беше награден за Најдобар режисер на Рејнденс во Лондон.

„За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, ‘Врба’ освои вкупно 5 награди, постигна рекорди во кино и тв прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено заради Ковид-19 пандемијата“, – истакнаа од продукцијата.

Заради пандемијата, Оскарите во 2021-ва наместо во февруари, ќе се одржат на 25-ти април, а дали филмот „Врба“ ќе биде на листата номинирани, ќе дознаеме на 15-ти март 2021-ва, кога ќе бидат објавени номинациите за Оскар.

Честитки на екипата, следно посакуваме номинација и уште поголем успех на нашата екипа од минатогодишниот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде