Премиерот Зоран Заев ја прими Наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт”

0
40

Премиерот Зоран Заев денеска во Брелин ја прими наградата за човекови права за 2020 година што ја доделува Фондацијата „Фридрих Еберт”.

Наградата за извонредни достигнувања во сферата на човековите права на македонскиот претседател на Владата му ја врачи Хеико Мас, Министерот за надворешни работи на Германија.

Од Фондацијата „Фридрих Еверт“ посочуваат дека преку наградата за оваа година е важно да се нагласат успесите на оние кои се спротиставиле на негативниот тренд во кој голем број авторитарни режими ги ограничуваат човековите права.

„Ваков светол пример за надеж е Зоран Заев, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Успесите на Заев не се основаат само на фактот дека неговата Влада го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија во 2017-та година или потпишувањето на Договорот од Преспа со Република Грција со кое се стави крај на 27-годишниот спор за името, туку пред сѐ во самата Северна Македонија. Уште повеќе, како предводник на опозицијата, Заев се издвои како личност од исклучителна важност во борбата за граѓанските и човековите права на сите македонски граѓани, со што на мирен начин се залагаше за нови избори во рамки на движењето „Шарена револуција“. По бројните разочарувања, реформираната политиката на Заев уште во март доведе до позитивна одлуката на државите-членки на ЕУ да ги започнат преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, што во голема мера го изгради патот за влез на Северна Македонија во НАТО, како нејзината 30-та членка“, велат од Фондацијата. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде