Силен земјотрес почувствуван во повеќе делови од државата

0
24

На цела територија на нашата држава рано утрово беше почувствуван силен земјотрес. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот бил со јачина од 5.0 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот во селото Леуново, засега нема пријави за штети.

Повеќе гостиварци и жители на градови во западниот дел од државава, како што објавија по социјалните мрежи, доживеаја непријатно будење. Во шест минути пред пет часот почувствувале потрес со средна јачина.

Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван токму од населението во Гостивар и Маврово со пет степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со четири степени, а во Битола, Прилеп и околината со три степени според истата скала.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде