Се усвои Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

0
44

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, министрите го усвоија Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој се овозможува сеопфатен пристап и одговор во справувањето со насилство врз жената и семејното насилство, почитувајќи ги човековите права во согласност со меѓународните стандарди.

Со овој закон се уредуваат :

  • превенцијата и мерките за заштита  од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство;
  • меѓусебната координација на институциите и организациите;
  • постапувањето на институциите за заштита на жените од родово базирано насилство и семејно насилство
  • услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство.  

Овој Закон е во согласност со меѓународните стандарди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде